Description
Инструкции за садење дрворед од Туја Смарагд
1.Подготовка на локацијата:
Одберете место со добро сончева светлина или полу сенка.
2.Копање на дупки:
Ископајте дупки со длабочина и ширина малку поголеми од кореновиот систем на растението.
Растојанието помеѓу дупките треба да биде околу 60-70см за да им овозможи на растенијата доволно простор за раст и да формираат густа ограда.
3.Садење на тујата:
Ставете го растението во дупката и осигурајте се дека е исправено.
Пополнете ја дупката со земја и нежно притиснете за да го стабилизирате растението.
Внимавајте кореновиот систем да биде покриен со земја.
4.Полевање:
Полејте темелно (поголема количина на вода) веднаш по садењето за да се осигурате дека растението добило доволно вода.
Продолжете со редовно полевање, особено во првите неколку месеци, додека растението не се зафати.
5.Одржување:
Пожелно е да се прихранува растението барем еднаш годишно со универзално ѓубриво.
Со кроење на врвовите на тујата ќе поттикнете густ раст и формирање на убав дрворед.
*Проверете дали земјата е добро дренирана за да се избегне задржување на вода.
За поголеми количини или понуда можете да не контактирате на 076 266 332
Reviews
There are no reviews yet.